продолжи (гл.) - мед (имн.)

Но и Филозофот одговори подобно, со парабола сјајна: „И Господ, Исус Човекољубецот еден беше, а дојде да нѐ спаси сите нас“, рече Филозофот, и продолжи мед да тече од устата негова: „ Ако имаш зрно, ќе никне ли од него клас, а од зрната на класот првороден, ќе никне ли нива цела, па од неа друга?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Господ Седржителот, кога го создавал светот, водел сметка и во непознатото да стави зрно познато, за да можеме да го именуваме“, рече и продолжи медот да се излева од устата негова: „Зарем кога ќе сретнеш непознат човек, не те потсетува тој, по одот, или по некој дел од телото свое, или по гласот на некој што претходно си го знаел?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)