продолжи (гл.) - мајка (имн.)

„Немој, немој, добра сум јас, ништо не ми е“, продолжи мајка ѝ да шепоти.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Кога тие, Индијците, би дошле овде – продолжи мајка ми – веројатно исто така би доживеале цивилизациски шок и тешко би им било при повторното враќање, како сега мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бидејќи воопшто не старееш, - продолжи мајка ми како да не чула што реков, - Хајлендер беше постојано тажен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Не те очекував,“ продолжи мајката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А ти сигурно не очекуваше да бидам… ваква.“ Рајнер молчеше. „Ете, молчиш,“ продолжи таа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе издржиме до купоните и платата од идниот месец... – На децата им здодеа од питите, јуфките... од брашното со вода... децата, пуста јас, со месеци не вкусиле млеко – продолжи мајка ми загрижено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Да имавме газија, - продолжи мајка му - вака немаше да се мачиме.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Добро де, добро! Не лути се! - благо продолжи мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Богата вечера - се насмеа Трајче. - Господска вечера, сине, господска! - продолжи мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)