продолжи (гл.) - инерција (имн.)

Токму во времето кога Ататурк, со Фетхи-беј Окијар крај себе, се пресметуваше со Отоманската Империја и со последиците од неа и од нејзиното агонично распаѓање, Татко се враќаше на Балканот, каде што уште многу, многу години ќе продолжи инерцијата на отоманското време, особено во судбината на исламските конвертити коишто ќе бидат далеку од Ататурковата револуција и од неговата лаицизација, живеејќи долго време во верска изолација и не можејќи успешно да се интегрираат во новите времиња...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како што во неговата родна земја тој опстојуваше, наоѓајќи погодно тло во наследените ментални структури на власта, овде продолжи инерцијата на забрзаната градба на новиот човек со наследената Сталинова илузија да се надополни изгубеното време, низ засилена градба на нови објекти, над економските можности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)