продаде (гл.) - стан (имн.)

Се сеќаваш ли кога ме тераше да го продадам станот, небаре немало друг излез за мене?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие се согласија, меѓутоа за да се случи тоа требаше да се продаде станот во кој живееме и плацот од старата куќа, затоа што тоа ни беше единствениот капитал со кој располагавме и со кој можевме да манипулираме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)