продаде (гл.) - пушка (имн.)

— Затоа ли јас и собира тиа лири, да ми продаваш мене суровици и песок? — грмеше Толе на сретсело и тука пред сите селани му тргна на Ѕерѕета еден куршум од својата манлихерка, та слезе со другарите дури во Сабоцко да си ја види сметката и со Етима што му ги продал пушките на Ѕерѕета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајко Бешот пак, потера две крави и еден вол за Воден и ги понесе стоте Толеви лири да побара оттаму некоја грчка берданка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тргуваа луѓето со што можеа; Раифа не го гризеше совеста што продава пушки на христијанин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе ја запали и оваа Етимова кула и собра што можеше да се тера нагоре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)