провира (гл.) - се (зам.)

Верноста уште повеќе си ја зацврстија, кога на враќање дома провирајќи се низ грмушките, се боцнаа на трњето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја закачи на еден клин зад вратата и излезе пред колибата, провирајќи се меѓу стеблата на буките, како да се крие од некого.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)