пробие (гл.) - темнина (имн.)

Но поаѓајќи, пак се навраќам на “Книгата на промени”: Хексаграмот на уметноста расправа за дејството на уметничкото дело како за светлост која свети на врвот од планината и до извесна граница ја пробива темнината со која е опкружена.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Лево, рој женски гласови се оѕваа и, чиниш со лесен лет на пеперутка, ја пробиваат темнината и кратко, задржувајќи се меѓу осакатените дрвја, јагленосаните гранки, подгорената трева и овенатите полски и шумски цвеќиња - ја отпеваат изгубената младост, убавината и недоживеаната љубов...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)