пробива (гл.) - кон (предл.)

Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Автомобилот тешко се пробиваше кон стрмата угорнина низ кривулестиот пат кој бил трасиран уште во времето на италијанската окупација со крајна цел во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Водата во која зацапува до коленици, му доаѓа до половина, но тој се пробива кон белато кајче со најблиските...  Цви Корец се буди во својата постела од неспокојниот сон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се јавуваат пријателот (му раскажува за проводот на синоќешната журка), мајка му (дека последен пат вечерал кај нив минатиот петок), девојката (вчера имала работа, не можела да дојде во „Штрк“ на еспресо во 6).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да, тука, покрај него е Гита, со која вчера немаше сила да води љубов, истоштен од патот од Виена и од радоста на враќањето дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И летнаа, меко. Виолинистот гледа како низ пукнатинките меѓу облаците светлината се пробива кон земјата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)