пријде (гл.) - кон (предл.)

Постоја така загледан и повторно пријде кон гробот од жена му и кон својот; ги загледа, клекна крај гробот од жена му, ѝ запали свеќа од тие што ги најде тука недогорени, а потоа запали свеќа на гробовите од татко му и макја му.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
БЕРБЕРОТ: Да не го пржи колоњската?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Останатите полека приоѓаат кон него.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Потем Ина му шепна нешто на аѓутантот, тој нишна со главата, пријде кон мене, и ми рече: „Госпоѓицата со задоволство ќе ви одговори на прашањето ако сега си одите, и ако по последната претстава, вечер, ја побарате во нејзината приколка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но и од училиштето се отвори оган кон неа; трчаа луѓето да видат што е, но војниците не им дозволуваа да пријдат кон училиштето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На Александар срцето почна да му бие посилно и малку се уплаши, а Бојана, очигледно навикната на вакви работи, пријде кон нивната маса, со широка насмевка од која блескаа белите заби се поздрави со сите и некоја минута куртоазно разговараше со нив.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)