прифати (гл.) - од (предл.)

Тој го исполнуваше заветот на својата Мајка кога беше жива, еднаш засекогаш, да се пресели во Цариград и да биде прифатен од другиот дел на семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Татко ја вгнезди нашата судбина во Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа сето село забрче од гајди, зовре од песна, извикнувања, а кај попот уште од десет саатот загрмеа и пушки, пиштоли, за да ги прифатат од сите страни на селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи директивата едногласно беше прифатена од селото, на дневен ред дојде да решиме како ќе се собираат кучињата, каде ќе се тепаат, и кој и како ќе ги убива.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како што ќе нагласи Плиниј, Катон по својата смрт, беше прифатен од Римјаните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Речиси во сите фази на напредувањето на Али Фетхи, подоцна наречен Окјар (стреловита мисла), од страна на Мустафа Кемал Ататурк, во знак на неговите реформи, баба се надеваше дека еден од синовите ќе биде прифатен од нејзиниот полубрат на висока позиција, па потоа и сето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)