прифати (гл.) - шега (имн.)

Лекарот ја прифати шегата и рече : - Па и некако така му испаѓа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И го покажа стапот, сиот окрвавен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Не, само татковци“, ја прифати шегата Влатко и така седнат среде се гушнуваше де со баба, де со дедо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Нека плаче!“ ја прифати шегата наставничката Лидија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Никогаш не сум се запознала со цар! - ја прифати шегата Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тоа време, додека гојдата паселе на Зедница, Димко ги убил, а никој да не види како и кога, и никој не дозна навистина зошто, мајка си и Видана и со окрвавен стап дојде на срецело, каде што, околу војниците, имаше насобрано дечишта, кои, пак, како секогаш дотогаш, почнаа да се шегуваат со него, а тој наместо, како порано, да ја прифати шегата рече: Ги убив Видана и мајка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)