припишува (гл.) - на (предл.)

63. Како и на други места во книгата, Мисирков и овде му ги припишува на бугарскиот народ „глупостите“ што всушност ги правеле неговите претставници од разни партии и влади, на чело со кнезот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најчестите значења кои му се припишуваа на инаетот, според Камилски, беа: тврдоглавоста, гневот, лутината, упорноста, кавгата, каприцот, подивувањето и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој не беше задоволен од можните синоними, верувајќи дека тој секогаш крие и нешто друго, со тешко дофатливо целосно значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа што водењето љубов не му одеше од рака, го припишуваше на апчињата. Реши повеќе да не ги пие.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ама, бидејќи не е ниеден од нив, сите неуспеси на освојувачки план ги припишува на магиите фрлени од онаа, бившата негова („гарант ме врзала кај некој оџа“), па си бара помош и заштита кај еминентни и докажани, како оној што оди на Нова или ОБН... Милан Велики.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стег, како и некои други конзули, најголема заслуга за тоа што во Солун не биле извршени големи масакри му припишува на валијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
— Јас не можам да судам за други партии, вели Апостол Макаровски, иако сметам дека она што ѝ се припишува на југословенската партија е чиста клевета.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто така, природните катастрофи веќе не им биле припишувани на натприродни сили.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Само што овие медитерански зовриени глави тоа го припишуваат на ашкенаскиот менталитет.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овој одговор на момчето се наоѓа во основата на целата лажна длабочина што им била припишувана на Рошфуко, Ла Бужи, Макијавели и Кампанела.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)