припаѓа (гл.) - тој (зам.)

Тогаш му доаѓаа, заедно со тие чудесни слики и некои необични мисли од кои дури самиот се плашеше, како, на пример, не му припаѓа тој никому, не е роб, дури не е ни зависен, и сè што е негово е само негово, толку многу негово што тој има право, по своја желба и мерак, да го разделува на оние што ги сака или сожалува, а никако на еминот кој тоа му го земаше сосила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му припаѓаше тој на градот и на татковината, но не само на нив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во својот познат есеј „Поетот за критиката“, Марина Цветаева, ќе рече: „ Сè вслушнувам во секој голем глас, кому и да му припаѓа тој.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)