принесе (гл.) - кон (предл.)

Понекогаш, така, полускришно, гледав во него додека јаде, гледав како ја држи лажицата и како, со погледот надолу, ја принесува кон устата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја крена раката решително и брзо ја принесе кон устата, силно повлече чад и, додека лакомо го вдушуваше, му се расмеа на авторот со целото лице широко откривајќи ги своите бели и сочни заби.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)