примени (гл.) - различен (прид.)

Тука би било умесно да се даде и една критика кон законодавецот, за носењето трговски закони кои им даваат можност на основачите на вакви друштва да водат селективна политика кон одредени сестрински фирми , а кои функционираат во рамките на иста дејност; а, згора на сè, е и можноста што им се дава да применуваат различни аршини за вработените во склоп на „групациите“ и да ја избегнуваат мож- носта за прераспределување во матичната компанија-основач, откако одредено поврзано друштво5 (а не „подружница“!),6 кое е основано од неа, ќе биде затворено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од случајот на работникот Лозановски може да согледаме како една стриктно централизирана политика во одредена компанија, која се јавува како основач на помало друштво,4 а за кое не покажува некој сериозен долгорочен интерес, може да делува на штета по работните места на голем број работници – кои совесно и најодговорно си ја извршуваат работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)