прима (гл.) - ги (зам.)

За разлика од него, службеничката зад шалтерот 11 воопшто не брза, примајќи ги парите и делејќи ги билетите без интерес, зјапнати во далечината, што според нејзината пресметка се наоѓа некаде меѓу двете тавански светилки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш, како ученик во шесто и седмо одделение во основното училиште „Владимир Илич Ленин“, се дружев со споменатиот Мики и уште двајца школски другари, Зоки и Тоше, со кои, речиси секое попладне во Центарот, меѓу и во зградите, си игравме „Илјадници“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Усните му се растегаа во блага насмевка што трепереше од двете страни околу нив: усни кои беа подготвени да даваат прочка а во исто време и да молчат , мирно примајќи ги упатените пораки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Улицата опустуваше, беше без настани, и јас се спријателив со Кузмана примајќи ги полека неговите навики и разбирања за животот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Всушност, тоа и се случува, и оваа интервенција оди во таа насока: не се занесувај во идеализам и сурфирај по рабови!) Мејл-уметникот создава останувајќи во непрекината врска со стотици уметници ширум светот, праќајќи ги своите творби и примајќи ги нивните.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)