приклучи (гл.) - кон (предл.)

За осудување е и фактот што директорот кој беше и доминантен (наводно со спорни акции) сопственик на компанијата, кога дозна за тужбата насочена против него, практично се обиде да подмити т.е. да се спогоди со неколкумина вработени кои сѐ уште не се беа приклучиле кон тужбата, а имаа намера да го сторат тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Против овој акт на самоволие, осуммина незадоволни вработени, меѓу кои и Љ. Х., во јануари 2008, поднесоа групна тужба која им ја состави адвокат (Н. Петровска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
До тој момент тие сè уште имаа побарувања за неколку неисплатени плати, како и заостанати придонеси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2. Доколку не сакаат да се приклучат кон нашата војска веднаш, да ја напуштат нашата земја, а нам да ни го предадат оружјето;
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По формирањето на Националноослободителниот фронт ЕАМ во септември 1941 година, Македонците биле повикани да се приклучат кон ослободителната борба на грчкиот, српскит и бугарскиот народ како гаранција за нивното национално ослободување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„1. Да се приклучат кон нашата војска под команда на ГШ на НОВ и ПО на Македонија за борба против Германците;
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
а) Задржување на сопствени македонски борбени единици во рамките на ЕАМ. б) Задржување на сопствена политичка организација како интегрален дел од грчкиот национално ослободителен фронт. в) Целосно право на самоопределување вклучувајќи го и правото да се отцепи или приклучи кон која било држава по нивен сопствен избор.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бидејќи во Турција не се признаваа нации, туку вери, а овие беа олицетворени во признатите автокефални цркви, основањето на Бугарската егзархија го наложи и административното воведување на бугарското име за сите поданици на султанот што се приклучија кон таа единствена словенска православна црква во границите на Турската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Али Фети ја допушуваше последната пура.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше подготвен да го слуша цела ноќ, но во кажувањето на вујко Али Фети имаше цела стратегија Татко да се придобие да се приклучи кон семејната традиција да стане нов кадија во Република Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една добра работа која ми се случи последниве години е можноста да ги доверувам механичките работи на други, да ја одржувам креативната топка во постојано движење и да им дозволам на другите да се приклучат кон забавата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Зошто си толку упорен?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Брзо потоа се приклучи кон други девојчиња, напуштајќи ме мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
XXVII Дождот туриваше, заплускуваше во бранови како што ќе дувнеше ветерот од езерото, ги киснеше луѓето излезени на сокаците и на средсело, ги натопуваше, но тие не се повлекуваа дома, не се засолнуваа: пееја, викаа, пиеја, прославувајќи ја веста дека е постигната спогодба, дека манастирот и селото не се приклучуваат кон Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но Аврам Сујак му рече луто: - Чув, полковниче, дека сте одлучиле да нѐ приклучите кон Албанија... Стивенс молчеше разгледувајќи ја кожата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така во наредниот половина час и згора голем дел од нас се принудени да се приклучат кон братството на стоиците.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
По османлиското освојување на Балканот Пеќската патријаршија била укината и приклучена кон Охридската архиепископија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На пленумот на КПГ од септември 1941 КПГ ги повикала Македонците со своето учество да се приклучат кон ослободителната борба на грчкиот, српскиот и бугарскиот народ како гаранција за нивното национално ослободување.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Цариградската патријаршија ја задржала својата јурисдикција над југоисточните македонски епархии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Истиот повик бил повторен и на пленумот на ЦК КПГ од декември 1942.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
После се приклучивме кон баталјонот на Гоче4 што дејствуваше на линијата Лерин-Корча, и есента се префрливме во Вардарска Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓутоа, од своја страна, Рузвелт сакал да ја зачува Службата за информации за странство (која раководела со радиоемисиите, а била во рамките на СОИ) и таа да остане надвор од досегот на војската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таква ситуација, Рузвелт ја поддржал идејата СОИ да се приклучи кон Заедничкиот генералштаб.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Приказната за работата на Лири почнува брзо да се шири, така што дипломците чекаат на ред за да се приклучат кон експериментите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По четири години Лири добива место на Харвард. 1960-та тој се приклучува кон групата „истражувачи-скитници” која, предводени од антропологот и историчар Герхарт Браун, заминуваат за Мексико.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)