приклучи (гл.) - во (предл.)

Меѓутоа, во текот на своето патување по целата земја научи неколку зборови англиски.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јастребот отпрвин врескаше околу нив, потоа се приклучи во борбата, колвајќи по површината на змиското шарено тело.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа се кажувањата на соборецот на Еда Бранов од Битола и негов другар од младоста, од времето после неговото другарување со Никола Талевски, на Митко Кривашија, веројатно Влав кој на партизаните им се приклучи во времето кога и Сврделот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа се приклучи во редот, внимателно сослуша што лицето пред неа му кажа на службеникот, ги повтори истите зборови и потоа патуваше било каде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така забележа дека пред да исчезнат, одат до шалтерот за билети, му кажуваат нешто на службеникот и добиваат билет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На Шишмана му се дожали за кутивчето, но сега кога командирот го остави да се приклучи во колоната, се преплаши.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)