приклони (гл.) - на (предл.)

Дури и во неговата родна земја, во која не му се приклони на фашизмот, во периодот на сталинизмот, сакаа да му организираат заседа, односно стапица, откако го ликвидираа неговиот брат, поради англиската врска, да го судат и него поради антисталинизам, поради ревизионизам и што ли сѐ не беа спремни да измислат, во еуфоријата на големите ликвидации, во таа бесна синдромска фаза на саможртвување и на самоуништување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Човекот е должен да создава и тогаш кога ќе поверува дека ја запознал грдата навика на времето да му се приклонува на уривањето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- А јас, Тома, не ѝ се приклонив на ниедна вистина туку на убавината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)