признае (гл.) - тоа (зам.)

Па дури и тогаш кога дошол со својата тајфа за да ѝ направи серенада пеејќи ѝ ја песната за несреќната Рајна Коцева, таа и самата не го сфатила најсериозно, иако зборовите, што ѝ ги испраќал преку песната, Рајна, самата ми го призна тоа, втасувале дури и до нејзиното срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Набргу мина на главната тема: - Утрово ми рековте, морам да признаам тоа силно ме вознемири, дека ние сме го убиле природниот Бог во душите на луѓето и на негово место сме го поставиле партискиот Бог?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сознавајќи ја својата вина и немајќи сили да го признае тоа, во него се раѓаше протест. Протест против Неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Несакајќи да си го признаеме тоа на себе, ги нарекуваме вонземјани. Па да, доаѓа ера на компјутери.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да не се признае тоа значи да се затаи (dissumuler) текстот, да се ограничи лектирата, значи да се ограничи движењето на науката и вистината.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)