придржува (гл.) - кон (предл.)

Одговорно лице во правно лице кое свесно не се придржува кон закон, друг пропис или ко- лективен договор за мерките за заштита при работата, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3.  Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работ- ниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, прави­ ата за л работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а осо- бено ако работникот: 1) неоправдано изостане од работа три пос­ ледователни работни дена или пет работни дена во текот на една година; 2) го злоупотреби боледувањето; 3) не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната средина; 4) внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства; 5) стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот и 6) оддаде 106 деловна, службена или државна тајна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Против решението на судот со кое се усвојува предлогот на странката не е дозволена жалба (чл. 164, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7.  Како мала дигресија, не е на одмет да споменеме дека во посебниот дел на нашиот КЗ (1996), во главата насловена како „Кривични дела против работните односи“ се вели: Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. 205
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како таксена основица се зема износ од 40.000 МКД во сите други спорови, ако со овој закон поинаку не е определено (чл. 24, ст.1, ал.1 од ЗСТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако ова дело го стори правно лице, ќе се казни со парична казна (чл. 166, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И покрај тоа што во нејзините редови имало повеќе Југословени, мисијата била обврзана да се придржува кон упатствата на СОЕ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По прашањето за народноста на Македонците Србите пред Македонците се придржуваа кон втората од споменатите две теории, т.е. дека Македонците се Срби, и токму затоа кај нив се добија спротивни резултати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во инструкциите, во првиот параграф пишувало дека Американците се “чист” народ, дека секојдневно се тушираат (и по неколку пати!) па се молат советските студенти и самите да се придржуваат кон тоа, да користат деодоранси и секој ден да ја менуваат долната облека.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во сите морални прашања ним им беше дозволено да се придржуваат кон пра-дедовските обичаи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овие нови движења израснаа, се разбира, од старите и покажуваа тенденција да ги задржат нивните имиња и, барем на зборови, да се придржуваат кон нивните идеологии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човек мораше да се придржува кон тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако се придржуваш кон малите правила, можеш да ги прекршуваш големите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постои вистина и невистина, и ако се придржуваш кон вистината, дури и наспроти сиот свет, не си луд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Антиохија, не можејќи веќе да издржи, му се развика дека човек не треба да се придржува кон Мојсеевиот закон или да биде обрежан како Евреин за да се помири со Бога, туку дека може да се спаси само преку спознавање на својата грешна природа и верата во Христа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Александар заклучи дека мора да јаде за сите негови претци кои биле гладни и дека би било крајно непристојно да не се придржува кон овој своевиден култ на предците.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во поглед на мерките кои би требало да се преземат, сметале дека е потребно да се имаат предвид „алтернативни политики“, преку кои на Британците им се отворала можност предметот да го прифатат секогаш до онаа граница кога тие не би смееле да покажат дека заканата кон нивните интереси била преголема и од тие причини предвреме да не се придржуваат кон мерките што би можеле да го забрзаат директниот конфликт со Советската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во рамките на овие „алтернативни политики“ се предвидувало: „А) Отфрлање на нашата поддршка на комунистичките движења во југоисточна Европа и да создадеме поумерени елементи.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секој ќе треба да се заколне дека ќе се придржува кон сите точки што тој ги предвидува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ситните пезети кои подоцна почна да ги заработува со изработката на уметничко цвеќе, ѝ дозволуваа привремено олеснување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, веќе од третата недела, малку по малку почна да се придржува кон животните активности во болницата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)