придобие (гл.) - меѓународен (прид.)

Предлогот на Арафат беше пречекан на нож од двете страни: некои палестински федаини во предлогот гледаа отстапки во, прилог на колонизаторите кои требало да се истераат, а не да се интегрираат, додека Израелците во ова ќе видат маневар да се придобие меѓународната јавност, за да се уништи нивната држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ослободувајќи се од ставот на претходниците Евреите во море, Арафат се определуваше за создавање демократска и неконфесионална држава Палестина, која ќе им гарантира еднаквост на сите граѓани: Евреи, христијани и муслимани!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)