привикнува (гл.) - на (предл.)

Татко ми тешко привикнуваше на овие револуционерни времиња кога генерации, генерации мораа да живеат откорнатички, одново да започнуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луѓето, како што тешко се привикнуваа на зимата кога долгите ноќи мораа да ги проведуваат во лежење, во здодевност, кога кусиот ден им светнуваше како бубачка и се губеше - така сега тешко се привикнуваа и на пролетта; свикнати на долго спиење, сега кога ќе станеа, се лутеа што многу порано пред да станат - веќе се разденило, сонцето се покажало, а тие не се фатиле за работа, не отишле по нивјето, не отишле во планината, не го спотерале добитокот на пасење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Откако се разделил од крвта во којашто влегувал како во матка залудно се привикннува на гледање.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Стоеше крај вратата и се привикнуваше на нешто што беше ново во неговиот живот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)