приближува (гл.) - кон (предл.)

Се приближува кон мене, стивнувајќи го гласот: - судбината ги отиснува на дланката своите траги како лузни... * * *
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега вие можете да речете дека луѓето во ова општество живеат подолго, но прашањето е „Каков е квалитетот на животот? А ова не е решено“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фаерабенд и го забавува и го загрижува верувањето на некои физичари дека се приближуваат кон една „теорија на сешто“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се приближуваа кон оревот кога одеднаш Шишман подзастана: - Абе, - рече длабоко и зборот зататни како да се наоѓаат во некоја голема бочва.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако чекорите кога Рада се приближуваше кон домот на Крстиќи, ѝ беа тешки како туч, сега чиниш ѝ се претворија во крилја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што се приближувам кон човекот така сѐ повеќе го препознавам. Како да е тој, како да не е тој, ама тој ќе е.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога возот се приближуваше кон австриската граница помина една претходна милиционерска патрола. Едо намерно, наместо пасошот, им ја даде личната карта.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Спомнав некои моменти од заминувањето на мајка ми кон планината што можеби нѐ приближуваат кон нејзината патека на вистината, но сепак никогаш не сфатив кон кого беше упатен оној нејзин прекор, (за грдотиите и убавините на животот) и тоа изречен толку отсутно, без секаква врска со претходните размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако се рако­водиме со краткорочните нужности, секој ден нè приближува кон неми­­новната победа на племенскиот начин на размислување во Европа, а со тоа Европа станува континент како и другите - варварствата и стратиштата на Либерија или азиските масакри веќе не се ништо егзотично туку се само сè уште лоши навестувања. 10 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека тој се приближуваше кон постелата на која таа лежеше со рацете склопени на книгата што ѝ лежеше на градите, ми се чинеше дека го видов она што го видов и при нивната прва средба, она што го гледав и при сите нивни подоцнежни средби – онаа присилна воздржаност, онаа скротена возбуда, она исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас ја повредувам, а таа не се брани, не се обидува дури ни да ја отстрани повредата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пак бев тука, покрај нив (тие никогаш не се сретнаа сами, јас бев вечниот сведок на трепетот на нивните зборови и на упорноста на нивното премолчување, јас внимателно го набљудував секој нивни гест и секој израз на лицето, кои издаваа многу премолчани нешта), но сега, кога брат ми седна крај постелата на Сара, јас го наведнав погледот, и само слушав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа остана мирна, не се помести ниту кога доктор Гете се приближуваше кон нејзината глава со иглата, остана мирна дури и кога врвот на иглата беше забоден во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Штом почнаа да се приближуваат кон местото каде што беше Мартин, тие сѐ повеќе и повеќе забораваа на тоа и се чудеа како ќе му пристапи Трајанка на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)