приближи (гл.) - кон (предл.)

Може ли вашата работа да се приближи кон социјалниот критицизам? ÂÂ Можеби, бидејќи околината во којашто живеам ми помогна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да речеме дека тоа е нешто што потекнува од религијата. ÂÂ Политиката на телото секогаш се смета за вид на социјална политика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи, што вие всушност правите?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сетете се на човекот без очи во Птици - камерата нагло се приближува кон неговото лице - а скоковите потсетуваат на задржувањето на здивот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А тие што се завртуваа, иако забележуваа некакво движење на луѓе, мислеа дека аскер од други табури им иде на помош, та Толевци слободно се приближија кон ужина до самиот нивен грб, на стотина метра, и користејќи ја шумата и карпите низ неа, како и доминантната положба на врвот (Толе секогаш гледаше да биде на повисоко од потерите и тоа го спасуваше), отворија оган од своите дваесетина манлихери и берданки пак в грб на аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ама мене ми се стори оти засвире буриата ноќеска, ошче пред петли, та кознае! — пак Марко се приближи кон вистината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веднаш нареди на буризанот да засвири тревога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разговарајќи така, и чекајќи го муљазимот или некој од чаушите, наеднаш се направи буричканица меѓу селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ренди полека почна да се приближува кон татко му, по левата линија на полето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Исто така сака да види дали со своите „трипови” по дејство на различни дроги било кога се приближил кон истата „бела светлина” за која тие тврдат дека ја виделе.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како што можеше да се очекува, штом се отвори вратата, ку-чето се мушна во подотворената врата и излета, истрча како да бега, но кај скалите подзастана, се сврти назад, се приближи кон влезната врата од станот и со нетрпеливост замавта со опашката удирајќи ја од бетонот, всушност повикувајќи го својот нов сто-пан да побрза да си одат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Домаќинката, откако ја искажа својата љубезност кон гостинот, се готвеше да стане да свари кафе, а на двајцата колеги и пријатели не им беше тешко да навлезат во пријателски разговор и не забележаа кога кучето, речиси прикрадувајќи се, почна да се приближува кон гостинот полека влечкајќи се на задните нозе и истовремено оближувајќи се и одвај чујно потквичнувајќи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Национализмот исто така вклучува, во оваа фаза, воспоставување институции кои се приближуваат кон, или ќе станат институции на, државата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повредениот јастреб, не можејќи да лета, почна да се приближува кон вреќата со зрна каде што го мамаеше гладот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кутрата Ели, кој знае колкава потреба чувствуваше да се приближи кон некоја жена што ќе ѝ биде мајка, зашто мајка немаше, а јас, секако, многу малку можев да застанам на тоа место.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе се обидам да докажам дека поимот дом ја губи врската со местото каде што живееме, исто како што концептуалниот дом се приближува кон еден динамичен медиум, вон хартиите и книгите што нè опкружуваат и го дефинираат просторот во кој живееме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И затоа беше речиси радостен кога ќе ги дочуеше како се јавуваат во темничината, како се приближуваат кон него од сите страни, чиниш во некое постојано кружење, секоја вечер одново со чувството за некакво среќавање со овие проклети, со својата пустош завивања, од кои ноќта се исполнуваше со нешто морничаво страшно, но во исто време и живо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се приближив кон водата, клекнав на коленици и брцнав со рацете во неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но се наметнува и пресвртено движење: кога круговите се стеснуваат, а виртуалното се приближува кон актуалното за од него сé помалку да се разликува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На 27. 12. 1950. умира во Њујорк. Max Beckmann, 1918 Војната се приближува кон својот жалосен крај.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако ја гледате Заливската војна или новите воени технологии, се приближуваат кон кибер-војни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Потоа се приближи кон лекарот и нежно го прегрна...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со секој нов збор што ќе го научеше, чувствуваше дека сè повеќе се приближува кон него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се разбира, го заборави изгледот на куќата и се приближи кон влезната врата и виде дека некрологот објавува „шестмесечен помен“ од смртта на „драгиот и незаборавен сопруг Едо Бранов!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му ја подаде на Милана да ја придржи и се приближи кон Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но тогаш се приближија кон крстопатот за Ливаѓе и брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја изминаа масата, се приближија кон шаторот, заодија натаму па зад шаторот и од другата страна одоколу додека не се најдоа пак кај масата. Ни жива душа не најдоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега се приближува кон мене, секој миг поголем и поцрн.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- Така ти се чини, - ѝ рече мајка ѝ... но сепак се приближи кон рипката.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Штом останаа сами, дедо Ангеле се приближи кон комитите: - Абер ви носам, - рече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Би било сепак пресилно да му се додели на Кејџ таа склоност, но тој во своите празнења со зборовите од смислата се приближува кон ставот на необврзаност и од зборовите-слики создава непробивен предмет пред чии алеаторични конфигурации престанува можноста за било какво читање на јазичната смисла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Воодушевен од успехот, со трчање се приближив кон Абраш кој ме чекаше седнат на еден камен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја слушнав како тивко влегува, па се приближува кон спалните, ја отвора најпрво вратата кај брат ми, здраво мило, како си, го прашува, потоа продолжува кон мојата соба и ете ја кај мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што прави мојата девојка? – ме прегрна и ме бакна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Чувство на возвишена убост од преголема емоција, таква каква што има виолината на Паганини кога ја свири најпробојната мелодија, онаа која те приближува кон вечноста, онаа која те прочистува до сржта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)