прибегне (гл.) - кон (предл.)

Наместо да се повикува на оностраното, да се спроведува однадвор, да прибегнува кон трансценденталниот закон, власта под која стојат тие извира од она што се наоѓа од оваа страна на индивидуалниот идентитет, т.е. од колективната душа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само дел од ерменските консонанти се прекриваат со грчки и затоа се појавува потреба за создавање на дополнителни графички симболи, кои би го надополниле редоследот на знаците што ги бележат фонетски сличните со грчките ерменски звуци, каков што е случајот со коптското писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во овој случај преведувачот мора да прибегне кон една комбинација од единици за да пронајде некој приближен еквивалент.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но создавачот на староерменскиот систем на писмо прибегнува кон инаква постапка: дополнителните знаци на ерменскиот алфабет не се сместени во крајот на алфабетската низа, веднаш по грчките знаци, туку дополнителните знаци се разместуваат во границите на првобитниот дел од ерменскиот систем на писмо, во кој се рефлектира грчката алфабетска низа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во таа смисла прилично убедливо звучат зборовите на Бодлер, кој во својата Поема за хашишот на едно место вели: “кој прибегнува кон дрогите за да може да мисли, наскоро нема да може да мисли без дрога.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури и очигледната синонимност не пренесува еквивалентност, и Јакобсон покажува како интралингвалното преведување мора да прибегне кон една комбинација од кодни единици за да го интерпретира во целост значењето на една единствена кодна единица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Му рекол на императорот дека токму на тоа место „навистина се чувствува некаква лага“ и дека понекогаш авторот прибегнува кон такво нешто само за да создаде „потребен ефект“ кој, пак, по природен пат не може да се постигне.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Е, тоа кутриот спанко не можел да го поднесе, па прибегнал кон најсуровото, за него единствено решение, самоубиство, но откако прво со себе го понел и семејството.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)