пречека (гл.) - мајка (имн.)

На врата не пречека мајка ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дома го пречекува мајка му и долго, нежно и меко го гушка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кај вати шо те нема цела зима? — го пречека мајка му сред кошарчето и го прегрна како секоја мајка што не го видела сина си четири пет месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговото име е свето име за сите нас! – И за нас козите се свети! – го пречека мајка. – Разбирам, разбирам, ама сепак, козата си е коза!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кај бунарот, во запуштениот голем двор, ме пречека мајка му на Димка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Писмо, што поскоро писмо до Пелагија! што е со нас, како нѐ пречека мајката Македонија, за палатата во која живееме, за големиот град, за фабриката која има оџак како и туланата во Гаково, ама најмногу за она што е во неа, за семето на Доне и нема да додаде дали нешто чула за него или дали го заушила како прелетува над селото или над полето седнат на аловото веленце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Навистина не знам!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во дворот го пречека мајка му завиткана со црна шамија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)