префрли (гл.) - друг (прид.)

На ќебето заковано на два кола, префрлија друг. И тој разовкав и блед.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Женската е посветло сива и со должина на целото тело стегната е до ѕидот, а машката, потемно сива, ѝ се качила одзади, оваа, одоважната нога, убаво ѝ ја потставила во ципата од колкот, ама не може да ѝ ја префрли другата десната.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако е од селските, ќе го префрли во некој булук од комшичките села, било Полчиштец, Клинчанец, па тој што подалеку да ги префрли некаде во Градишки или Галишки булуци, да им се загуби дирата, a отаде тој ќе му префрли други по тој пат спечалени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)