претстави (гл.) - на (предл.)

Тој беше пресреќен што таа така ѝ го претстави на другарката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мисирлијата му го претстави на војвода Јован и го ослободи Толета дека збор нема неговата чета, а Јован им објасни на другарите дека го видел овој четник во Катилана на пајдосот, та дури го убеди и Шаќира во тоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А потоа се возевме сѐ до Балван. Сакал да ме претстави на некој дед Павел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кој зборува? Денешниот читател го поставува ова прашање, пред секое друго, зашто авторот веќе се претстави на западноевропската читателска публика со двете претходни дела: Времето на козите и Татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ете, луѓе, работата што ја свршија Хаџи Ташку и дружината, ние му ја претставивме на небето, по тоа сѐ тики има очи да види и ум да пресуди, вели Максим Акиноски кога го завршуваа обредот и затварајќи ја книгата и гнетејќи ја потоа в пазува под мишки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)