престои (гл.) - таму (прил.)

Ги извади од чантата трите сиџили што требаше да ги протолкува за Сокол Мечевски, а врз кои работеше ноќта пред да го однесат в болница, а и додека престојуваше таму.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби тоа се постигнува ако не се движиме премногу, ако не зборуваме премногу: да се избегнуваат лажните движења, да се престојува таму каде што веќе нема сеќавања.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Помалиот син, пак, веднаш по него најде некоја Висока туристичко - угостителска школа во Охрид, каде што одеше само да полага испити а инаку си седеше дома, освен кога во туристичката сезона престојуваше таму на практична работа што му доаѓаше ем нешто како летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)