преспие (гл.) - во (предл.)

Ме допрати до таксито и за последен пат изрази желба да преспие во мојата соба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Педесет денови, дваесет и пет различни дестинации. Газеа по веќе газените стапалки на Чеплес и на Солунска Глава, ги ладеа нозете во студеното Големо Езеро на Пелистер, преспаа во планинското бачило на Шара и ја почувствуваа исцелителната моќ на Банско, се искапеа дури во три мориња.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Полковниците испијанети на свадбата, ноќта ја преспаа во училиштето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бојана накратко му објасни на домаќинот, гардискиот ветеран со долга бела коса и брада дека мора да преспијат во неговата куќа и дека гардата им е зад петици.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На горниот дел од ораницата имаа мала колиба од слама, колку да може да се преспие во неа, имаа и стреа, потпрена врз стеблото на столетната бука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во моето сеќавање нема тропање на врата ноќе, па ни она дека татко ми рекол дека ќе оди да преспие во одајчето на Нанчо кое во мојата глава е втиснато како негатив фотографска плоча.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таму дење го држеа и шоферот, да ги префрлува по расфрланите пунктови на градилиштето со џипот, а ноќе, кога не им требаше, го пуштаа да преспие во шаторот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Душа прибраа и преспаа во училиштето, во црквата и во куќите на Лобанчени, а денот го поминаа скриени во шумичките надвор од селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така нѐ стемна денот и ноќта ја преспавме во еден ендек.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некои му велеа да појде со неа во Ерусалим и да преспијат во Маслиновата гора крај Божјиот гроб спроти Велигден кога Христос воскреснува - за да ѝ воскресне утробата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)