прескокнува (гл.) - ги (зам.)

Прескокнувајќи ги следните стихови се задржа на крајот: - Кај и да одиш каење нема Сѐ што е речено корења пушта Тоа што в миг ќе каже уста Ни реки бистри не ќе го сперат“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ставаше нужда, за час се наоѓаа на друга планина, и прескакнувајќи ги длабоките долишта и урвини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во честарот, спружен на својата сива сакма, потпрен на десната рака, со кусата манлихера во левата, лежеше навален возрасен човек, на триесет до триесет и пет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Биени од небо и земја, прескокнувајќи ги телата на убиените и ранетите, подуените мрши на мртвите говеда чии црева беа растурени на патот и ливадите и постојано придружувани од тоа ужасно викање – бегајте – ги врвевме беспаќата кои водеа кон границата со Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Рада прескокнувајќи ги деталите, криејќи цело поглавје од својот живот, ја запозна мајка си со новонастанатата реалност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)