пресече (гл.) - со (предл.)

„Не станувај“, гракна птицата. „Патот ни е пресечен со камења.“ Го познав гласот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од очите ѝ висеа конци јад, течеа, плетеа околу мене жолта мрежа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дека неговиот литературен текст на безброј места се пресекува со реалноста, која е надвор од него, е факт лишен од секаква контроверза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во оваа прилика не навлеговме во Ќосиќевите спорни излети во политиката и полемичкото тежиште го ставаме на неговата еминентно писателска пракса.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ќе си го пресечам со тесла, вели, со брадва ќе си го пресечам, вели, не ми треба само за мочање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му ја ставија главата на еден труп и му ја пресекоа со секира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мене немаше кој да ми каже, барем јас имам кому да кажам: и кога се роди Горица, јас папокот ѝ го пресеков со срп, оти беше женско. На машките им се сече со секира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)