преселува (гл.) - на (предл.)

Се запознава со Тед Хјуџис, кој работи за „де Менилс“ во Тексас; подоцна станува претседател на Енди Ворхол институцијата и магазинот Интервју. „Фектори“ се преселува на Јунион Сквер во западен Њујорк.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И така постапуваа сѐ додека не почнаа храбрите Козаци да се преселуваат на небото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како што и можело да се очекува, инсектите не биле одушевени со таквите одлуки и ретко се преселувале на пропишаните места.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Трети јуни - застрелан од Валери Соланис, основач и единствен член на S.C.U.M. (Здружение за критика и сосечување на мажите). Поминува речиси два месеца во болница. Ги прави „Облаците“, сценографија за претставата Reinforest, балет на Мерс Канингам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Август - оди во Лос Ангелес каде држи предавања по колеџите. Октомври - го најмува Алан Миџет да ги држи предавањата по колеџите во улога на Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)