препукне (гл.) - од (предл.)

Срцево ќе ми препукнеше од горка тага, тие зборови болеа, го парализираа секој атом од моето телесно постоење, сетилата како вакум го задушија тоа што беше внатре во душава и го замрзнаа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Рано утрото, кога виде дека ги нема зајачињата, лисицата ќе препукнеше од мака дека се успала.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И се што се случуваше со мене од тогаш, убиваше полека, гребеше, сечеше и го отуѓуваше тоа што бев јас, тоа што го дефинираше моето битие и мојот лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мајка ми и сестра ми ќе препукнат од радост. А поручек сигурно ќе ме поведат в кино а може и во слаткарница.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кети ми раскажа една приказна од Стариот крај, за еден славеј, кој бил многу вљубен во својата сопствена песна, и тој пеел со толку силна желба така што неговото мало срце препукнало од песната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)