преправи (гл.) - дека (сврз.)

Барајќи го другиот, тие пак се качиле во домот на Мишел и клетиот човек го нашле како, облечен во престилка и со чинија и салата в раце, се преправа дека е готвач на француското семејство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На нему својствениот начин набрзина изложува неколку деловни работи, па вади писмо слично на она за кое станува збор, го отвора, се преправа дека го чита, а потоа го остава во непосредна близина на другото писмо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наместо тоа, таа бара да се признае онаква каква што е – имено, радикална, бескомпромисна одбрана на убавината, принципиелно одбивање да му се покори убавината како вредност на никакво општествено и политичко размислување кое тврди, колку и да било тоа издржано, дека е посериозно и подостојно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Додека невенчаната снаа, сè уште расплакана и така неповрзано, ѝ расправаше на жена му како била на часови во Академијата, како на враќање навратила на пазар или во продавница да купи нешто за јадење, како го затекнала Нака неподвижен на троседот, како ѝ се сторило дека не дише и како избезумена сепак била толку присебна да викне Брза помош, а неа еве уште ја нема - Гого седна до синот и лесно го поттурна по рамото, како да сакаше да му каже: доста се поигрува со нив и се преправа дека му е лошо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во круговите каде што најмногу се култивира настраноста, важи основното правило дека човек не се преправа дека е над срамотноста на сексот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И зошто не е секогаш така, туку понекогаш се преправа дека не знае?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Машката геј-култура не се преправа дека е амбивалентна кон естетското совршенство, а не може ни сосема сериозно и искрено да тврди дека е критички устроена кон него. ‌Локус класикус за оваа спротивставеност меѓу аполитичната или дури и реакционерна естетика на машката геј-култура и искрениот политички ангажман во борбите за општествен напредок е романот на Мануел Пуиг од 1976 Бакнежот на жената пајак.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)