преостане (гл.) - само (прил.)

Ми преостанува само да го чекам вистинскиот момент за да го направам вистинскиот чекор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Критичките модели се чини го одиграа својот асимилиран пораз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од експлозивната енергија на критичката традиција на деветнаесеттиот и дваесеттиот век, денес преостанаа само театрални одречувања, ритуални негации. 92 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)