пренесе (гл.) - дека (сврз.)

По неколку дена и сестрите му пренесоа дека забележале малку поприсебен израз на лицето од Марија... Па и во очите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не знам како успеал да ме пронајде за да ми пренесе дека татко му многу ми бил благодарен и дека, заедно со писателот, му се јавуваат на сон секоја ноќ. И дека ме поздравуваат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Едно време се пренесе дека, имено тој, другарот Анески, бил организатор на некаков бунт во болницата и така нешто слично, што не беше за потценување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
По враќањето од пазар, мајка ми, прескакајќи ги зборовите, пренесе дека неколку групи на жолти пци одеднаш нападнале некои зафрлени села во западните планини.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Како на дете да му се пренесе дека, ако го допре вжештениот дел на некој електричен апарат, ќе се изгори и ќе почувствува болка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)