пренесе (гл.) - одреден (прид.)

Во тоа време (крајот на осумдесеттите и почеток на деведесеттите) Благоевиќ беше еден од најлуцидните и најжестоки опоненти на тогаш доминантниот националистички дискурс, но неговите тогашни есеи (неодамна објавени во книга во издание на Радио Б92, од каде што Маргина пренесува одредени делови) и денес поседуваат сила, релевантност и ум, за некои нови следни генерации на овие тажни јужнословенски простори „заглавени” во биологистичкото аисториско начело (за коешто пишува Благоевиќ) да не ги повторуваат безбројните грешки на нашите конзервативни и патријархални „херои и татковци”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Професорот Седларски понатаму објасни дека ќе се обидел да пренесе одредени поединости забележани во записите на спомнатиот монах иако го споделува ценетото мислење на некои свои колеги дека дури и со поместувањето на обичниот мртов предмет од едно во друго време или од еден во друг простор може да дојде и до промена во толкувањето на веќе презентираните вредности не само за спомнатиот предмет туку и за времето на неговото настанување, за изгледот па и за настанатите промени во неговите особини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)