пренесе (гл.) - кон (предл.)

Розите ги губат своите бледникави ливчиња, но веднаш до нив, нивните сосетки горделиво, во следниот час, распупуваат нови цветови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Татко, за миг, благиот поглед го пренесе кон Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мислите му се пренесоа кон оптимистичката варијанта на идните настани.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа како да беше посилно од самиот себе Додека возев мислите ми се пренесоа кон другиот брег на Медитеранот, кон мојот Балкан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, во мислите откако промаршираа империите со Сталиновата како последна на Балканот, мислите веднаш му се пренесоа кон Игора Лозински и неговата таинственост во однос на иднината на патот на јагулите во градот на истекот на реката...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Најубавата соба, како што и планираше Роџер Прат, е во средината на куќата, на првиот кат, огромна соединувачка просторија, каде што конверзациите добиваат простор, а смеата, преку скалите, се пренесува кон долниот кат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мислите ме пренесоа кон Берат, амблемскиот град на соживотот и верската толерантност помеѓу албанските рисјани и муслимани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Веруваше дека некогашната мисија што ѝ ја беше доверил Бог, да си ги спасува децата, треба да се пренесува кон светот преку Татковите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)