пренесе (гл.) - во (предл.)

Левата страна на фотелјата ѝ одговарала на левата страна на мозокот и обратно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ентропистите својата свест сакаат да ја пренесат во компјутерите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Работата на James Turrel експериментира со мозочните бранови, перцепцијата и светлото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гилхрист и програмерот Jonathan Bradley создадоа база на податоци и синтетички нерви; со тоа внатрешното искуство на сон на спијачот се пренесува во просторот на публиката кој е исполнет со засилени звуци и пројоцирани слики, на начин публиката да може јасно да го почувствува успиениот ум-мозок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Соборот започнал во Ферара во 1438 година а наредната година бил пренесен во Фиренца, каде што се одржале најзначајните разговори.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова нема цена, ама бидејќи не може да се пренесе во Европа, таа мора да нѐ земе со просторот заедно.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Малку повеќе се задржав над оваа карта и веднаш се пренесов во Версајскиот дворец, кај онаа тркалезна маса на која што, со потпишувањето на Версајскиот договор, по првата светска војна Македонија е распарчена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го пренеле в болница и штом се созел, ја прашал сестрата, која веќе му ја измерила температурата: Колкава е?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сиот крај мириса на романтика и посматрајќи ги овие старини, секој што тука се наоѓа неусетно се пренесува во старите времиња, воодушевувајќи се од големината на духот на творецот што живеел и создавал половина милениум пред нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа е слика што може да се пренесе во секој друг град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред мене се појавија убавите и снежни врвови на Караванките и така со овој пејсаж се пренесов во сонот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Брзината на тие нозе што протрчуваат се пренесува во него како морничава гроза, се буди тоа чувство на ужас дека уште малку ќе биде изоставен од масата, сам и најзабележим во ова бегање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќепати го оставаше весникот незадоволен, дека не наоѓаше ништо да го пренесе во нејзина близост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Добиле наредба да го пренесат в град.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секој миг би можеле татко му да го пренесат в град.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Многу старци и старици се пренесоа во далечното минато и почнаа да тврдат дека овој ќе биде Крали Марко, кој преспал петстотини години во некоја пештера по Мариово, каде, кога влегол ја закачил сабјата во стената, која сега сама паднала, го разбудила и му рекла дека дојде времето кога треба да му одмазди на Турците за нивните зулуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За татка му Сивета и за Јована тие пари беа аирлии зашто, преку трговијага, беа ги умножиле десетина и дваесет пати, та Јован навистина со алав им го фрли ќемерот и ги покани гостите да ја продолжат веселбата, што им беше чудно на сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Толе ја осети својата сила и големина. Почна јавно по Мариово да шета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јован го знаеше целиот овој историјат, та затоа кога му посакаа Толе и Трајко петстотини лири, се пренесе во тоа длабоко минато и си рече: „дојде Катар Ќаа пo неговото, требе да му се одборча" — и почна така шегаџиски да се однесува со нив, како боже со благодарност им ги враќа нивните пари што му ги дале на заем.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зарем можеа да ги пренесат во мртвите, кога и самите сакаа уште да бидат живи?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Потоа бил пренесен во Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, самата идеја мисијата да биде пренесена во Македонија кај грчките партизани предивикала противење.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ковчежето и куферот ги пренесоа во сопчето, во кое Крстан влезе речиси набожно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со мислите, низ своите книги, се пренесе во минатото на Тврдината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со посебен декрет, беше наредено сиџилите да се пренесат во Архивот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Целата идеја да ги испразни сите институции во Америка - затворите, приватните учили­шта и клубовите од внатрешноста - и да ги пренесе во своето студио учејќи да збо­рува преку медиумот на оваа бука, на нов народски јазик, сѐ уште вчудо­невидува. (...) Сепак, на крајот Фектори беше осудена на пропаст поради сопствениот успех, поради светлината што ја фрли и поради контрадикциите на Ворхоловата личност што тој така извонредно ги отелотвори во Фектори како своја фикција - големата американска сказна: Неговата храброст и софистицираност, неговата не­ ви­ност и несигурност -Дракула и Пепелашка-Дрела (Dracula and Cindarella - Drella), како што сите го знаеа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во културна смисла тоа беше триумфален експеримент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дека било јасно дека тој е уметник, дека тој не креира култура туку едноставно ја репрезентира, преуредена, изманипулирана и акцентирана по негова волја. (...) Мислел дека сме сфатиле, дека секој можел да увиди дека славата што тој ја произведуваше (за него и неговите суперѕвезди) не била вистинска слава, туку само репрезентација на слава, реторичка симулација на слава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За овцата, која беше изнемоштена, ослабена, Бојан смеша малку трици со сол и додека другите овци ги собираа грижливо остатоците од сеното во јаслите, тој го крена малото јагне и го пренесе во кошарата. Блеејќи, овцата одеше по него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојот долж реката, која истекувајќи од вирот, откако после километар, два, кај новата железничка станица, ќе се протне под железничката линија, се дели на два крака: со едниот, горе, над Бучало, се влива во Бучинско Блато, а со другиот, кај местото Плазики, во Чепиговското Блато, се пренесе во Беговски Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше недела, втора година од владеењето на Србите во Потковицата, прв ден Велигден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога Турците сопственици на чифлизи почнаа да си заминуваат од сета Пелагонија и од Потковицата и да се населуваат во градовите, тоа стана по бојот помеѓу орлите и штрковите кој во 1901-та започна на Алилово и се пренесе во Беговски Ловаѓе, односно тоа произлезе од страв од она опачно претсказание што го срочија христијаните по победата на штрковите над орлите, дека му е блиска пропаста на царството, жителите на Потковицата од своите бегови купуваа земја во близина на чифлизите или во дворните места на чифлизите и на новооткупената земја подигаа живеалишни куќи и се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набрзо потоа и црквата ја затворија, односно ја пренесоа во надлежност на попот тополечки, и него го довлечкаа оттаму, од Србија, откако тукашниот свештеник, поп Цветана го уби мајорот Загориќ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навикнат на патетичниот глас А.А., обземен од тивка летаргија, со мислите пренесен во далнините, во среќниот архипелаг на сеќавањето во кој средишно место заземаа Мајка, Татко, семејството, книгите околу нив, од занесот ме будат гласните, како по команда, зборови на К.К.:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потоа мајка му на Димче ја пренесоа в болница на лекување.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Болно стенкање ја исполи собата кога неговата имагинација сето тоа го пренесе во другиот кревет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Болникавиот шивач, вообразувајќи дека во сите бунари на улицата се удавени мачки, се откажа од вода, сѐ додека скоро зачаден не беше пренесен в болница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По нецел час јас веќе можев да стојам на нозе; се исправив и видов дека додека јас сум бил во мојата светлина и со неа, Земанек и другарите ме пренесле во самиот археолошки локалитет, под едно импровизирано тремче кое си го направиле археолозите да ги штити од сонцето; ме легнале на едно полско креветче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Треба да се нагласи дека книжевните остварувања во хипертекстот настануваат во специфична средина, значи на компјутер, а се продаваат во форма на дискети, со тоа што и класичните печатени документи можат да бидат читани во компјутерскиот хиперпростор, но затоа пак делата на хиперлитературата не можат да се пренесат во печатен исказ.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ти имаш топлина во себе, топлина од сонцето, впиена, украдена од вулканите, најжежок живот пренесен во тебе, со блесок.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
При таква ситуација, кога се очекувало раздвижување на војска во овој крај, било лудост да се направи обид оружјето да се пренесе во Битола.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Задачата што му била поставена да го прими динамитот во Бугарија и во најголемата тајност да го пренесува во Цариград, ја извршил беспрекорно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овој динамит од Цариград бил пренесен во Солун во две буриња етикетирани како риба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Третирајте ги вашите деца како индивидуи, како личности.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во 1946-та, квантната психологија беше преведена на здраворазумски, и пренесена во психологијата од страна на педијатрите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Движењето на младите беше придвижено од страна на генијалниот детски психолог кој ги подучуваше двете повоени генерации родители да ги хранат своите деца кога тие ќе побараат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој со мајка му, за да му ја исполнат желбата што ја остави пред умирањето, го пренесоа во лимен ковчег во селото и го закопаа во дворот пред куќата во која никогаш не влезе да живее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога војската се повлече, луѓето стрчаа, го кренаа учителот кој сè уште даваше знаци на живот и го пренесоа во селото; а жена му и син му ги закопаа заедно со српските војници.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секогаш кога ќе се загубите, одите дома. help home Sintax: home Веднаш ве пренесува во означеното дом место.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не обрнуваше внимание на честото сушење на устата, сѐ додека еднаш, речиси во кома, итно беше пренесена во болница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Навистина, би било убаво под опојот на хашишот да ги раскине вените и да се пренесе во весел заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Свитканите како копачка раце ја пренесуваат во мали платнени торбичиња.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И кога видоа така, се рече да ме пренесат во Лазаретот. Кај Битола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кине Богдан од тревките и билките околу себе, ги џвака, чувствува како силата на земјата му се пренесува во него и го поткрева на своите раце како што мајка му го крена кога се роди.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имено, концептот се состоеше во тоа да се пронајде шкарт токму од тие фабрики, кој би бил најадекватен ликовен материјал и истиот да се пренесе во изложбениот простор на локалната културна институција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но кога смртта веќе беше блиску на 29 октомври 2004-та, тој е пренесен во една воена болница во Париз со помош на францускиот претседател Жак Ширак.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да немав време во тие мигови да го почувствувам тој мајкин повик, пренесен во мисијата на една друга мајка, во едно друго време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гордоста на нашата Федерација, чија слава на оружјето требаше да ја пренесеме во земјите каде што нѐ испраќаше државата како нејзини највисоки преставници, евентуално и вешти трговци, сега беше завршена во купишта железо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се пренесов во мислите на средбата на амбасадорите која кон крајот на пролетта на 1987 година, неколку месеци пред падот на Бургиба, се одржа во Белград во зградата на Сојузниот извршен совет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа Арафат, подјаден од непозната болест, со години не сакаше да ја напушти Палестина за да се лечи во странство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXX И додека Татко го гледаше Камилски како со бавни чекори и куферчето книги се доближуваше до нашата куќа, се пренесе во мислите во денот на ненадејното вклучување на Камилски во балканскиот покер во нашата куќа со Татко и неговите пријатели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во мигот ништо не одговори, но синтагмата под нож, часум го пренесе во скоро изминатото време на масакрот на невините кози, во името на брзиот прогрес кој треба да го донесат козарите лишени од нивните кутри кози, како работничка класа; на затворениот пат на јагулите од Езерото, на пат кон Средоземното Море и Атлантскиот Океан; и на сите други забрани од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па којзнае! – воздивна Арслан и се пренесе во далечното Мариово да ги гледа родителите, браќа му, сестра му и целиот тој народ како се бори против секоја сила и насилство што сака да им наметне друга вера и насилничка власт.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Авторот ги пренесе во својот бележник уште следните записи на таткото Панда Бранов: во малото каче за пиперки туршија фрламе една ока сол а во поголемата три кгр сол и така туршијата е точно солена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секако дека авторот и тоа го пренесе во својот зелен „тефтер“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Силната мисла, во која се спојуваа свеста и потсвеста, ме пренесоа во тих, син сон, споделен со езерската модрина и тишина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Грешка беше, на пример, кога Ленин реши да ја ,,копира” Француската револуција и ја пренесе во Руската...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Sgt. Pepper`s“, при секое ново слушање, сè повеќе чкрипеше и шлајфуваше, потоа и грамофонот се расипа и од угледното место во дневната беше пренесен во подрумскиот музеј на стари апарати, заедно со чушкопекот, соковникот и телевизорот „Панорама“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Топло е.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дојдоа некои жени и мажи и не пренесоа во вагонот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По еден месец нѐ пренесоа во едни големи куќи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На местото каде што се наоѓаше олтарот поставија голема сцена со црвени завеси.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го зеле кутриот човек и со џипот го пренеле во Смрдеш, а оттаму во Брезница го наполниле со олово...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во јануари не пренесоа во еден голем манастир. Надвор од градот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш гангстерите требаше да ја хипнотизираат мајката во сцената во капелата, а потоа да ја пренесат во салата Алберт Хол за таа лично, под хипноза, да пука во амбасадорот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дерида го наведува Бенјамин на следниов начин: Бидејќи, исто како што фрагментите на амфората, доколку некој може да ја реконструира целината, мора да се поклопуваат до најситни детали, но не се неидентични, така преводот, наместо да се приближува до значењето на оригиналот, попрво, со љубов во полна живост, го пренесува во сопствениот јазик модусот на интенција на оригиналот: на тој начин, така како што остатоците се препознаваат како фрагменти на иста амфора, оригиналот и преводот се препознаваат како фрагменти на еден поопфатен јазик.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ги чекам болничарите да ме пренесат во друга соба, но ги нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше длабоко замислен, пренесен во еден наполно инаков свет, па до него не втасуваше ништо што се случуваше непосредно околу него...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Влатко ја слушаше Теми не како зборување, туку како далечно жуборење на Реката - па тоа жуборење го пренесе во оној зеленосин пејсаж - со еден чудесно нежен лик во преден план...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Такви релации можат да се претстават со едноставни венови дијаграми, или лесно да се пренесат во логички тврдења од обликот „ако p тогаш љ” (види Ford и Adams-Webber 1992).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)