пренесе (гл.) - порака (имн.)

По свршувањето на неговиот реферат, зеде збор младото „попче" и откако им ги пренесе пораките и благословот од дедото владика, почна да дава совети и предлози, што треба да направат селаните за нивното добро и просветување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Е, Толе, ние дојдоме кај тебе по една голема работа, — почна прв Трајко откако го извика Толета насамо под големиот бор, каде пладнуваа Рошковите јаловиња и му го претстави учителот Атанаса, за кого Толе беше слушал дека и тој се меша во некакви комитски работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јаловарите од Рошковци ги ставија со Толета на чешмичето и овие му ја пренесоа пораката на Организацијата за спојување на двете чети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја остави на бездна, а сега како натрапник се јавува дури и во песната за да ѝ пренесе порака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие не се канал што ја пренесува пораката од А кон Б, туку материјал со кој можеш да си играш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Обид да им ја пренесам пораката на сите нејзини и мои, наши пријатели за кои се наменети овие редови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Длабоко во срцето се надевам дека Скендерови го најдоа рајот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Неговиот албум Ух Ох го соединува најдоброто од него: тешкиот хард рок, пулсирачкиот латино-американски драјв, звуците на 21-от век, вкусот на Talking Heads. 106 okno.mk Дејвид Б’рн ја пренесува пораката на новата раса, духот на Мондо 2000.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но дали беше таа вистинската или беше плод на моите илузии, задржани во наметнатиот идеал XII Во дипломатијата пресудната улога на амбасадорот е да ја осмисли, напише и пренесе пораката, низ телеграмата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се ближеше часот на закажаната средба во претседателската палата кога требаше на новиот владетел да му ја пренесам пораката од владетелот на земјата кого што го застапував и во која беше запишано дека се признава неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За него беше важно да ја пренесе пораката, се разбира усна, а не писмена со последици, да ја направи средбата божем случајна, како судир на двајца сопатници што одат во спротивни насоки, и со тоа да се сврши сѐ, без некој отстрана да забележи нешто сомнително.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Никој не знаеше од каде дошла, ниту како дошла, па првиот податок за нејзиното пристигнување е службениот записник кој самиот го издиктирал по разговорот со неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија однапред ја определи својата цена – да му се пренесе порака на мажот ѝ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)