премисли (гл.) - и (сврз.)

Постоја така размислувајќи за нешто, па се фати за учкурот од шалварите, но брзо се премисли и побегна дома.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Уште еднаш одекнува гласот на Сеген, тишината, небаре коз­лето ќе се премисли и ќе го слушне покајничкото мекање...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)