премести (гл.) - во (предл.)

И по негово барање, но со решение потпишано лично од Водачот, Татко, од Судот, бил упатен да работи во Институтот, но, веднаш потоа, со ново решение, бил преместен во Архивот, каде што биле преместени и сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Откако го кажа своето, Татко, потпирајќи се на бастунот, се премести во фотелјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од Велес, Кларк бил преместен во Скопје “и по понатамошните испитувања бев ставен во болница заради лечење на раката и измрзнатините на моите стопала и шаки“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите агрономски студии што почнаа уште пред шестојануарската диктатура, а сега навлегоа во бурното време на Втората светска војна и се преместија во друга престолнина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Едноставно речено, реди-мејд е некој предмет извлечен од контекстот, кој во извесна смисла е конвенционален, а преместен во нов и поинаков контекст, тој радикално ја менува својата функција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа го премести во друго дупче и пак заврте. - Молам! - се слушна во слушалката еден глас.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Најважната работа при изградбата на црквата што му ја имаа доверено селаните на Петрета беше да избере што да се земе од старите цркви за да се вгради или премести во новата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не знам зошто ми се чинеше во последно време дека еден ден не ќе ја најдам таму таа слика и сѐ повеќе имав желба да ја преместам во собата каде што спиевме Ели и јас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Заспа на масата, од умор, од солзи, од среќа, пред да се премести во спалната соба што ѝ ја дадоа кога ја донесе дома, гледајќи го со молба во очите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Доколку работникот кој смета дека трпи вознемирување на работното место, а поради тоа му е нарушена здравствената состојба, има право до завршување на постапката, да биде преместен во друга работна просторија, односно работна средина (чл. 28), додека пак на лицето кое го врши вознемирувањето или го злоупотребува правото на заштита од вознемирување, работодавачот може да му изрече една од мерките за непочитување на работниот ред и дисциплина, а ако во рок од 6 месеци повторно изврши вознемирување, може да му го откаже договорот за вработување (чл. 29).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со воведувањето на квотите се изврши и категоризирање на работните дозволи за следните пет цели: а) вработување на странци во Република Македонија; б) странци преместени во Република Македонија; в) обука и доусовршување; г) сезонско работење на странци и д) поединечни услуги од странци (чл. 5, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не кажа ни зошто изутрината Дачо го фрли појадокот, ни зошто Дачо бараше да го напушти шаторот на Ранч и да се премести во друг.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Постојано бараше да се премести во друг шатор.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
За среќа, откако отпатувавме, многу подоцна дознав дека била успешно оперирана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Подоцна нашиот штаб се премести во Струмица и таму останавме подолго време.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)