прелета (гл.) - преку (предл.)

Елените како да прелетаа преку шумичката.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Исто како и пред влезната врата, темните очи прелетаа преку нивните лица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Велат: кога поминала покрај олтарот на црквата, верниците забележале блага насмевка на лицето од Исуса и на Св. Богородица, небаре зрак небесен прелетал преку нивните пожолтени лица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не приоѓајте му, Тој лежи скаменет на крстот што е направен нагоре: од јагленосаната молитва на селаните што се издига до небото и попреку: од трагите на ластовичката што прелетува преку нивниот темен глас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)