прекрсти (гл.) - и (сврз.)

Доста го кладе над глава бардакот со вода, го праша Илка откаде изгрева сонцето, се прекрсти и легна на постелата крај стопанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се доизвикува и наврапито се завртува спрема гробот, се прекрстува и откако изговорува Бог да го прости зачекорува да си оди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Фимка, со вкован поглед во ликот на Богородица, се прекрсти и рече: - Мајко Божја, чувај ми ги чендата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Астиномот го викна кумот во куќата на попот и со наредувачки глас му рече: - Ако детето го крстиш Митре, тогаш тебе ќе те прекрстам и на крст ќе ти ја истрижам главата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој се приближи до Христовото распетие, се прекрсти и го бакна. Потоа го отклучи куферот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Старицата набрзина се прекрсти и замина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рече така и притоа се прекрсти, а после, како што беше редот, се прекрстивме и сите ние.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога се урна, кога стрешти, кога се дигнаа некои црни пепелишта нагоре, старичката само се прекрсти и си легна на земја: огнот барем земјата не ја гори, рече кутрата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш се прекрстив онака како што татко ми велеше, ко што ме советуваше, се прекрстив и изустив: „Господе Боже, ангелу што ми стоиш на десното рамо, чувару, Спасителу...спаси ме од рогатиот, од оној кој со Господа бил, а Господ аждер го престорил, наземи го испратил. Спаси ме, Боже, од сатанаил.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И, ко што е редот, се свртев кон изгрев, кон Св. Спас, ја кренав раката, се прекрстив и благословив: - Господе, дај им челад на младите, дај им здравје и арнина, дај им слога и топлина, во срцето добрина, место козина коприна, куќата со азно покриј ја, до крајвека, до амина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ќе заспијат навечер, таа ќе изброи по четири ноџиња во секој, а на крај своите две отечени и двете на најмалото во креветот во кујна, вкупно 16, и ќе воздивне од радост, па ќе се прекрсти и ќе му се заблагодари на Бога!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Филозофот ги зеде прстенот и книгата, се поклони, се прекрсти и излезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот стана, се прекрсти и ми рече: „Штом е така, утре заминуваме“. „Каде?“, прашав изненадено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така сторила. На први петли станала, од котлето си потурила од езерската вода, се измила, чиста шамија си врзала, пред икона се прекрстила и молитва си кажала.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Трајко седна на чело на трпезата, го прифати пагурчето од Велика, ја симна капата, се прекрсти и им се заблагодари на другарите и на господа што му го спасија грабнатото чедо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Добра беше таа. Од последниот грст брашно му меси леб, го прекрсти и го натопи со солзи, потоа му го предаде со благослов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Попот ги допеа молитвите, се сврте кон олтарот, се прекрсти и влезе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)