прекрсти (гл.) - рака (имн.)

Ѓорѓевица гледа во лицето на Кузе, ги мерка неговите очи слични на гладно прасе, прекрстува раце, мисли, воздивнува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ливајн ги прекрсти рацете на стомак и се проѕевна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Легна на постелата во малата соба Лена Липовдолска, ги прекрсти рацете на градите, ги заклопи очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Малечката веќе се задеваше: ги прекрсти рацете на навлаката зад неговите плеќи и толк ми се ближи со лицето што авторот зад уво чувствува врачечка топлина од којашто целото тело му го обзема милина и желност, си воомјазува како ја држи во прегратка, ја навира...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги прекрстил рацете на градите и се смее, се кикоти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излегол од зад шипјето и тргнал кај луѓето да оди со прекрстени раце и со солзи на очите, се приближувал кај нив.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
" Потоа дојде пред продавницата, застана пред луѓето, ги прекрсти рацете под американскиот орел на неговите гради, ги фрашна со брз поглед наседнатите на гредата на левата страна од влезот во продавницата, ги фрашна со поглед, исто така, и оние нанижани на гредата на десната страна од влезот на продавницата, од високо се насмевна и гласно рече: "Хелоу, еврибади!...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Партизаните ги прекрстија рацете на рамењата и за миг одекна песната: „Друже Тито, љубичице бела, Тебе воли омладина цела. Друже Тито, љубичице плава, Ти се бориш за народна права!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се виде и сандакот со Велика Мегленоска. Таа лежеше мирно и со прекрстени раце на градите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)