прекори (гл.) - себеси (зам.)

Паметам дека тогаш бев заклучил оти само слабаците не се прекоруваат себеси поради несреќата што ќе ги снајде нивните блиски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Илјадапати се прекори себеси што таа вечер не изброја до десет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)