прекине (гл.) - мој (прид.)

- Никогаш не го игнорирам сомнението - и овде го прекинав мојот одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност чувствував дека ваквата моја двосмислена констатација се вклопува во шемата на Грофот и на неговото гледање на случајов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Напукнатите филџани врз измрсениот чаршав се вклопуваат во преживеаниот амбиент на кафеаната „Пирин“, и скоро сум задоволен кога Теодора остро ги прекинува моите присеќавања за старото маало: - Имам помала сестра.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)