прекине (гл.) - мајка (имн.)

- А вие, по умот на мангупите од одделение, а? – ја прекина мајка ѝ – Тие до полноќ во Луна парк и вие со нив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Каде ви беше главата да размислевте, девојчиња сте, ве сметавме паметни, а вие?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Оставете го побратимот да влезе в куќи! Ќе има време на сите да ви одговори, - нѐ прекина Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
– Чанга се врати, сигурно идат подобри дни за козите? – ја прекина мајка ми тишината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Разговорот го прекинува мајка ѝ.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Излегува од дневната со едно мало девојченце, многу симпатично, со кадрава коса и со слатки обравчиња. Тетка ми Оце – се досетувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)